Организирањето и купувањето на есенската гардероба е во тек, за да ви помогне во изборот шпанскиот бренд Зара претстави уште една есенска кампања со нови стилови за оваа сезона. Спакувана под идејата за „Смело ноншалантно“, кампањата открива модни идеи за есен 2020 –парчиња од тенко плетиво како тренд на сезоната и црн фустан како класика во модата, светкави панталони со пулејки, но и црни панталони со поедноставен крој, избор на женски костими, вечерни фустани, долго здолниште со животински принт и доза на ретро стилови. Кај деталите ги забележавме обувките – мокасини кои понекогаш се носат со бели чорапи во стилот на Мајкл Џексон и смели сребрени чизми.
Нема коментари