Модниот бренд Зара ја претстави колекцијата од линијата Studio за есен-зима 2021/22, линија која е малку поскапа, но изгледа како да е дизајнерска и од модните писти. Клучните парчиња од колекцијата Studio за оваа сезона ни ги откриваат трендовите за овој период и ни покажуваат како да ги комбинираме. Во прв план се фустаните и впечатливите капути, потоа има вечерни парчиња со светки, креации од топли материјали како твид и кадифе, кошули со принт, добро скроени костими и ракавици како главен моден детаљ на сезоната.
Кампањата за оваа колекција ја фотографира Стивен Мајзел, видеото е на Фебијан Барон, а се појавуваат модели од различни генерации и со различни величини како Саша Пивоварова, Мариса Беренсон, Ракел Цимерман, Прешес Ли, Медоу Вокер, Јуми Ну и други.
Нема коментари