Во новата кампања на брендот Зара за пролет-лето 2021 ја гледаме познатата манекенка Ања Рубик како позира во повеќе модни комбинации во кои главната модна улога ја има – марамата. А марамата не се носи само околу вратот, со неа може да се „направат“ здолништа, горни делови, турбани… Заврзани на различен начин, тие ќе се трансформираат во интересен „топ“ или здолниште на преклоп. Марамите на Зара од оваа колекција се свилени и со впечатлив принт, кои со малку имагинација од моден детаљ лесно се претвораат во парче облека.
Нема коментари