• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
дизајн-декор 0

Престижна награда за Завар дизајн German Design Award 2020 во категоријата Excellent Product Design Energy

Од stylist @StylistMKD · На декември 11, 2019

??????????????????????????????????????????

Специјалната колекција радијатори Drop (Капка) на Завар Дизајн е првонаградена на германските дизајнерски награди German Design Award 2020 во категоријата Excellent Product Design Energy

Дизајнот на Drop (Капка) грејните тела е потпишан од тандемот Марта Наумовска Грнарова од Завар Дизајн и Јана Ацевска од Капка. Наградената колекција е дел од приказните за животната линија од Завар Дизајн и Марта Наумовска Грнарова и е создадена со трансформација на колекцијата на накит на дизајнерка Јана Ацевска во колекција на радијатори. За домашната сцена, наградената колекција беше изложена на Skopje Design Week 2019.

zavar (4)

Во изјавата на жири комисијата на German Design Award 2020 како образложение за наградата стои дека „радијаторите се прикачени на ѕидот како уметнички дела, што ги прави извонредни и привлечни за окото. Тоа е интересен дизајнерски пристап којшто го толкува концептот на греење на нов и, пред сè, необичен начин.”

„Ова признание е највисоката и најреномираната потврда за вредностите на дизајните на Завар внесени и во колекцијата Капка. Уверувањето доаѓа од земјата и школите каде е роден индустрискиот дизајн, каде е создадено Баухаус движењето. Затоа Германската награда за дизајн има огромно влијание и директен придонес за целокупниот комерцијален успех. Во ова натпреварување влегуваат и се разгледуваат единствено проекти кои навистина претставуваат пионерски чекор во функционалниот дизајн, така што ги идентификува и претставува најуникатните трендови во дизајнот – тоа е натпревар кој ја промовира дизајнерски ориентираната сцена“, вели Марта Наумовска Грнарова, генерален директор на Завар Дизајн.

??????????????????????????????????????????

Колекцијата Drop (Капка) што Завар Дизајн ја претстави во Германија, е составена од уникатни дизајнерски, рачно изработени радијатори во три капковидни форми коишто функционално се обединуваат и овозможува 13 елементи да бидат комбинирани на безброј начини. Оваа карактеристика му овозможува на корисникот единствено искуство да биде вклучен во процесот на креирање и прилагодување на секојпат различно и уникатно парче уметност за греење. Грејните тела на Завар се резултат на способноста на компанијата да интегрира нови технологии со единствен дизајн. Процесот на производство се заснова на еколошки технологии, со минимална потрошувачка на енергија и природни материјали со висок квалитет, што ги прави производите 100% рециклирачки.

zavar (2)

На добивањето на ова значајно признание, претходеше номинацијата од страна на German Design Council, што веќе е своевидна награда и со што колекцијата Drop (Капка) влезе во изборот за German Design Award 2020 во категоријата Excellent Product Design Energy. Резултатите од гласањето на жирито беа објавени на 22 ноември годинава, а свеченото доделување на наградата ќе се одржи во Франкфурт на 8 февруари 2020 година.

???????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Завар дизајн постои повеќе од 30 години на пазарот, како компанија која произведува исклучителни решенија за радијатори што се издвојуваат со квалитетот и дизајнот, драстично разликувајќи се од другите конкурентни производи. Решенијата на Завар Дизајн се наменети за клиенти кои го ценат квалитетот, занаетчиството и дизајнот, во нашата држава и глобално. Предводени од идејата дека дизајнот напредува во подобрување на квалитетот на животот, Завар дизајн создава тела за греење кои ги надминуваат сите очекувања во индустрискиот стил. За својата работа ја има добиено и наградата за најиновативен дизајн на Американската асоцијација на дизајнери на ентериер – ACID New York Metro, во 2017 година.

zavar (3)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ??? дизајн-декор

    Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

  • Otvoren povik_Expo zone_Skopje Design Week дизајн-декор

    Орворен повик за учество во Експо зоната на Skopje Design Week

  • ???????????????? дизајн-декор

    Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март под мотото „Освежи го својот дом“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics