Инстаграм инфлуенсерките Линда Тол и Луси Вилијамс за летната сезона избраа впечатлив тренд – мини здолниште со шара на зебра. Животинскиот отпечаток и летово е актуелен, а краткото здолниште со зебра-принт е добра идеја како да го вметнете современиот дизајн во вашата гардероба. Ова модно парче добро се комбира со маичка со принт или со модел со тај-фај ефект, со патики или кожени влечки, и е стилска опција за сите летни пригоди.
Нема коментари