ИКЕА го внесува концептот на велнес во домот преку новата лимитирана колекција Hjärtelig. Тргнувајќи од ставот дека менталната и емоционалната благосостојба е исто толку важна како и доброто физичко здравје, дизајнерите Маја Ганзињец и Андреас Фредриксон направија линија на мебел и предмети за домот кои ќе ни помогнат да се рефокусираме и ревитализираме. Во колекцијата која охрабрува да стиснеме пауза на брзиот живот, има парчиња мебел во релаксиран бохо-стил, како мултифункционален кревет и дрвени маси, но и јога-мат, миризливи свеќи, чаши за накит, постелнина и саксии за растенија кои ја надополнуваат мирната оаза и поттикнуваат релаксација.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари