Нова муза и глобален амбасадор на француската козметичка куќа Lancôme e 22-годишната пејачка и актерка Зендаја, која што со овој ангажман им се придружи на другите заштитни лица на брендот меѓу Џулија Робертс, Кејт Винслет, Пенелопе Круз, Изабала Роселини, Лупита Нионго, Лили Колинс и Тејлор Хил. Младата Зендаја важи за модна икона, а интересно е што скоро за секој настан сама се шминка. Од Lancôme изразуваат радост и возбуда за новата соработка со Зендаја „чија харизма и влијанијата во филмовите, музиката и модата немаат граници“. Според нив Зендаја внесува младоликост и единствен пристап кон убавината кој совршено се совпаѓа со визијата и креативноста на брендот. Таа во иднина ќе биде лице на новите производи, но и дел од филантропските проекти на Lancôme.
Нема коментари