Либанскиот дизајнер Ели Саб на Париската модна недела прикажа нова доза на елеганција и женственост како препознатливи кодови на кои останува доследен. За сезоната пролет-лето 2019 тој предложи женствена силуета со класични костими и фустани со тантела и светки, но и многу шари во вид на животински и цветен принт, креации со линии во стилот на 70-тите, интензивни бои и декоративни апликации.
Нема коментари