Новата лимитирана колекција на шпанскиот бренд Масимо Дути ја следи препознатливата линија на женственост преку минималистички израз, овој пат со елементи на софистициран урбан стил. Колекцијата содржи женски костуми и капути, долги здолништа и романтични кошули, фустани и високи чизми, топло плетиво и парчиња облека од кожа, а со кои се постигнува космополитски стил и релаксиран формален изглед. Акцентот е ставен на квалитетните материјали и текстурата, од боите преовладуваат бела, беж и кафени тонови.
Нема коментари