• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
lookbook 0

Зимска модна носталгија за летото на Ивана Цветковска

Од Ана Несторовска · На декември 24, 2013

Фото: Виктор Наумовски, модел: Маја Ристевска

Младата креаторка Ивана Цветковска, која работи под брендот Evee, неодaмна изработи lookbook со фотографот Виктор Наумовски и моделот Маја Ристевска од „Мак моделс“ за својата колекција Summertime Sadness. Носталгија кон летото таа ја претворила во ведра колекција, која ја претстави на неодамнешното издание на Модниот викенд-Скопје. Моделите  во себе го носат летото, но сепак се наменети за постудените денови, за сезоната есен-зима 2013/2014.
Во колекцијата има 12 комбинации или 31 парче и во истата преовладуваат здолништа и панталони со виска половина, фустани и кошули од провидна свила, како и елеци со брановидни кроеви. Сите парчиња се изработени од високо квалитетни и луксузни материјали, како свила, кожа и кадифе. Најзастапена е свилата, заради нејзината нежна нота со која се истакнува и надополнува убавината на женската фигура. Сталинзите се заокружени со ремени изработени од мека кожа во сивкасто-кафеава нијанса.

Фото: Виктор Наумовски

-Моделите се инспирирани од летото и мојот копнеж за повеќе топли деново. Не ја сакам многу зимата и сиот нејзин темен спектар на бои па затоа се одлучив колекцијата да биде повесела и во поживи тонови. Модните креации раскажуваат приказна за брановидните форми на морето, за топлината на летното сонце и за ведрината на синото небо.Најмногу експериментирав во поглед на комбинирањето на различни структури на материјали: кожа која ги дефинира линиите и контурите на телото во комбинација со свила која дава флуидност на прецизните форми. Колекцијата е избоена во спектар на сина и жолта боја, вклучувајќи и песочни нијанси со што се доловува тагата и копнежот по летната свежина и истовремено се избегнува зимското сивило. Целта на природните и брановидни кроеви застапени во колекцијата е да се даде што повпечатлив израз на женската убавина и нејзините атрибути-вели Ивана.

Фото: Виктор Наумовски

навезени со монистра кои на тој начин придонесуваат да се постигне совршен раскошен изглед на модните парчиња.
-Моделите раскажуваат за префинетоста и женственоста на урбана, софистицирана жена, мајка, ќерка со интереси кон модата, културата, уметноста и дизајнот, која пред се преферира неповторлив луксуз и екстравагантни дизајни. Мојот стил на дизајнирање како и стилот на облекување подразбира лежерна елеганција, безвременост, релаксиран луксуз, женственост, стил кој ја истакнува женската индивидуалност-вели таа

Фото: Виктор Наумовски, модел: Маја Ристевска

Интересот за модата на Ивана потекнува уште од најрано детство, кога посетувала курсеви за применета уметност. Дипломира на Европски универзитет во Скопје на Факултетот за арт и дизајн, насока моден дизајн. Во текот на студирањето учествуваше на неколку ревии организирани за студентите на моден дизајн во 2007, 2008 и 2011 година и одржани во рамките на Моден викенд-Скопје. Има учествувано на модната ревија по повод роденден на Холандската кралица во организација на Холандската Амбасада во Македонија во 2009 година, на модната недела во Битола во 2009 година, како и на ревиите во склоп на денови на претприемништво во 2008 и 2009 година.

Фото: Виктор Наумовски

По завршување на студиите учествуваше на модните ревии во организација на Американската амбасада во Македонија, на тема POP! Fashion и Jazz and Fashion. Оваа година на почетокот на октомври беше дел од работилницата на тема: „Kреативно претприемништво” во рамки на Скопската недела на дизајн 2013 година.

Фото: Виктор Наумовски

Досега има изработено една колекција со назив A Story of Beauty . Брендот Evee by Ivana Cvetkovska почнала да го развива веднаш по дипломирањето, пред една и пол година. Називот на брендот Evee (ИВИ) е всушност скратеница од нејзиното име. Етикетата моментално функционира само преку веб-страната eveecouture.com, односно со закажување на консултации.

Фото: Виктор Наумовски

Фото: Виктор Наумовски

Фото: Виктор Наумовски

Фото: Виктор Наумовски

Фото: Виктор Наумовски

Фото: Виктор Наумовски

Фото: Виктор Наумовски

Фото: Виктор Наумовски

Фото: Виктор Наумовски

EveelookbookSummertime SadnessВиктор Наумовскиесен-зима 2013/14Ивана ЦветсковскалетоМаја Ристевскамакедонски дизајнериМоден викенд-Скопје
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • zara lookbook

    Кејт Мос ѕвезда во новата кампања на Zara

  • 1 Massimo-Dutti lookbook

    Колоритен летен стил по предлог на Massimo Dutti

  • 1 lookbook

    Подгответе се за летни авантури со креациите на Parfois

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • Linda-Evangelista-FENDI-Baguette

    Линда Евангелиста беше брутално обезличена после естетски третман, сега се враќа на манекенството со кампањата на Fendi

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Летни варијанти на машкиот костум

    август 3, 2022
  • 9

    Седум летни комбинации со широк долг фустан

    јули 27, 2022
  • unnamed

    Отворен повик до дизајнери за Slowscapes 5 – изложба на македонска еколошка мода и дизајн

    јули 27, 2022
  • 1

    МОДНО ЛЕТО: Што да облечете на и до плажа

    јули 26, 2022
  • off shoulder

    Фустаните кои ги откриваат рамениците симбол на летната мода

    јули 26, 2022

Убавина

  • neon french

    #NeonFrench – Француски маникир со флуоресцентни врвови

    јули 11, 2022
  • 3 (3)

    House of Creed со задоволство ви го претставува Wind Flowers, најновиот свеж и цветен мирис

    јули 9, 2022
  • 1 (8)

    Шведскиот beauty-tech бренд FOREO достапен на продажните места во Neptun

    јуни 16, 2022
  • spf

    Грешки што не треба да ги правиме при употреба на креми со заштитен фактор

    јуни 8, 2022
  • 60197676_2455248107820681_5289026189485146112_n

    Видео туторијали: Бронзена и сјајна шминка за ултимативен летен изглед

    јуни 8, 2022

Живот

  • sangria mojito

    Што преферирате повеќе – сангрија со лубенца или мохито со лубеница?!

    јули 22, 2022
  • zito luks dija leb

    ДИЈА леб – нов производ на Жито Лукс поддржан од Сојузот на здруженија на дијабетичари

    јули 12, 2022
  • goodtime-pharrell-williams-david-grutman (2)

    Хотелот The Goodtime на Фарел Вилијамс во Мајами – среќно место што ја следи естетиката на градот

    јули 11, 2022
  • Watermelon-margarita

    Watermelon Magrarita – розова и освежителна верзија на познатиот коктел

    јуни 22, 2022
  • almond-milk.jpg

    Како да направите бадемово млеко

    јуни 16, 2022

Култура

  • Ilindenski denovi 2022

    Во Битола започнува фестивалот „Илинденски денови“ – 12 дена фолклор од регионот, Европа и САД

    јули 18, 2022
  • ???

    ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје го објавуваат следниот ЈАВЕН ПОВИК за програмски активности за манифестацијата БЕЛА НОЌ 2022

    јули 14, 2022
  • 10_Planet der Schafe

    Премиера на германско-македонскиот документарен филм „Планета на овците“ на CINEDAYS

    јули 5, 2022
  • 1

    Одлична музичка програма и рекордна посетеност на „Д Фестивал“ во Дојран

    јули 4, 2022
  • ???????????????????????????

    SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2022: Јавен повик за избор на предлог концепти во рамки на Фестивалот на светлината

    јуни 30, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics