Актерката Кира Најтли важи за жена со изграден личен стил, дел нејзиниот имиџ е отсликан и во пранешниот нејзин стан во Њујорк, кој скоро го продаде по цена од 6.4 милиони долари. Станува збор за дуплекс од околу 350 квадратни метри во познатиот реон Трајбека на Менхетан кој се состои од три спални соби. Најтли во него живеела до 2015 година.
Апартманот е главно модерно уреден и прошаран со дрвени геометриски акценти, но и со рустикални и етно детали. Најголем впечаток оставаат спиралните скали кои водат до галеријата и до спалните на вториот кат, зад кои ѕирка полукружен ѕид обоен во тиркизна боја. Доста е простран, со високи плафони, има убаво уредена приватна тераса од 85 квадрати, а во дел од собите има ставено рачно боени свилени тапети.
Нема коментари