Хармонија во домот, успех во професијата, грижа за најблиските, детско штедење и учење животни лекции со најмалите, ловење нови модни, бјути и фитнес трендови… ова нека бидат некои од новите тенденции во вашиот животен стил за следната 2021 година
Годината ни помина во голема несигурност и неизвесност, што нè поттикна помудро да ги креираме животните одлуки и да прифатиме лајфстајл тенденции за новата реалност што ќе ја живееме во 2021 година. Комфорност и сигурност, посветеност на себе и најблиските, повеќе организираност и одговорност се приципи што имаат приоритет, да проследиме неколку мотивации и ритуали кои квалитетно ќе го подобрат нашиот живот.
Главни теми што ќе ја одбележат 2021 година според Пинтерест
Новиот извештај Pinterest Predicts на платформата Пинтерест носи информации и предвидувања кои теми и интереси ќе владеат во првите месеци од следната година – мода, дом, патувања, гастронимија и благосостојба. Овие теми ќе го одбележат нашиот живот во следниов период, па да им се посветиме.
Купувајте онлајн – бидете одговорен потрошувач
Знаете ли дека годинава преку 100% е зголемна е-трговијата на домашните веб-продавници? Се прилагодивме на купување преку интернет – од храна и намирници, овошје, зеленчук и готова храна, бела техника и предмети за домот, до козметика и облека. Се прилагодија и поголем број на домашни брендови и продажни места кои отворија свои или се продаваат на поголемите веб-продавници. Периодов бидете одговорни, избегнувајте ги физичките продавници и купувајте онлајн.
Хармонизација во домот
Според некои стражувања редот во домот, професионалната исполнетост и умешното планирање на времето овозможуваат добро расположение. Правете планови и листи со обврски за подобро да се организирате, најдобро е да набавите планер за да ги координирате обврските. Организирајте го домот и гардероберот и ослободете се од непотребните предмети и облека. Тоа ќе ви донесе мир и хармонија, а потоа и повеќе слободно време кое квалитетно ќе го посветите на децата и партнерот заедно да поминете во некоја друштвена игра, едукативни минути и забава по дома.
Тренд е да им отворите штедни книшки на своите деца
Детското штедење е „ин“. Како родител своите деца секојдневно ги советувате нешто ново, уште од мали учете ги на големи лекции, на пример, како да ја зголемат навиката за штедење. Време е да им отворите штедна книшка и да започнете едукација за финансиска писменост и штедење од најрана возраст. Појдете заедно на пример во Халкбанк, каде ќе ви биде издадена дизајнирана штедна книшка со слончето маскота Халки, а воедно ќе добиете и подарок, па понатаму можете вложувањето средства да го правите заедно електронски и тоа да стане ваша традиција. На овој начин не само што вашето дете ќе стекне убава навика од мали нозе, туку и ќе му го надополните времето со нешто поинтересно. Создавајте посигурна и среќна иднина за вашите деца.
Ловете #styleinspo на социјалните мрежи
Инстаграм, Пинтерест и во последно време ТикТок се раскошен извор на инспирација за моден стил, убавина, уредување, готвење и безброј други лајфстајл трендови. Одберете ги профилите што се најблиски со вашата естетика, ловете ги нивните стилски идеи и вметнете ги во вашиот личен стил. Не значи дека трендовите треба слепо да ги следите, тие нека бидат инспираија која ќе се спои со вашата автентичност.
Надградете ја негата на лицето
Годината на изолација за некои македонски девојки и жени значеше и доволно слободно време за едуцирање на тема козметика за лице. Посветете и вие време да научите сè е што е потребно за нега на вашата кожа – одредете го типот на кожата, консултирајте дерматолог или експерт, научете што значат состојките во козметичите препарати, откријте која е најдобрата дневна и вечерна рутина и уверете се дека длабинското чистење и хидрацијата се клучни за негувана кожа. На домашниот пазар има доволно производи за нега на кожа, од медицинска козметика, драгсторска, луксузна, веганска, органска, до сè популарната корејска козметика. Ни најдобрата шминка нема да изгледа убаво, доколку кожата не е негувана. Всушност, најновиот тренд е skinimalism – она кога негата на кожата е поважна од шминката, односно поголема посветеност на негата, а шминката нека биде минимална.
Научете нова вештина или „Направи сам“ проект
Научите некоја нова вештина следејќи You Tube туторијали или онлајн-курсеви од сферата што ве интересира. Пробајте да насликате нешто или направете некој колаж со фотографии и наслови од списанија за да добиете мотивирачка слика. Научите нов јазик. Прочитајте некоја нова книга за историја, наука или уметност за да го надградите вашето знаење. Осмелете за некој поголем „Направи сам“ проект – префарбајте некое парче мебел, направете сами новогодишен венец или креирајте парче накит.
Loungwear – најкомфорниот моден тренд
Нагласени раменици, облека од кожа, бермуди, волуменозни фустани и сакоа, војнички чизми, чанти со ланци, периодов проследивме повеќе трендови, но ако некој ја одбележа годинава и има тенденција да биде „ин“ и во следната, тоа е Loungewear – удобна и лежерна облека погодна за носење дома. Останувањето дома е најновиот лајфстајл тренд, најдобриот и најсигурен избор. Останувањето дома доби нова димензија, нови наквики и секако нова мода. Куќната облека, односно Loungewear, што ја носиме периодов се состои од удобни хеланки, меки тренерки и дуксери, памучни маици и блузи, комфорни пижами, папучи со крзно. Имаат одредена софистицирана нота, па може да се носат и надвор, иако се првенствено наменети за излежување, работење и дружење по дома.
Организирајте го домашното работно катче
Колку од вас во моментов работат од дома?! Каде ги извршувате работните задачи?! Поради пандемијата компаниите се прилагодија на работа од домаи направија нови деловни модели, а бидејќи повеќето професии се поврзани со работа на компјутер и делување во дигиталниот свет, многу е важно каде ќе го поставите компјутерот и дали сте организирале го работното катче. За поголема продуктивност потребно е да дефинирате работен простор во некој агол од домот, да го уредите како работно биро, да поставите календар или некој вид на организатор на кој ќе ги внесувате и следите работните задачи, да го декорирате со ситни предети за да ви биде убаво и угодно и дисциплинирано да се придржувате до работното време. Иако сте дома и многу веројатно сте во пижами, имате работно време.
Еколошка одржливост платформа за животен стил во 2021 година
Темата на одржливост и свесна мода ја актуелизираме минатите неколку сезони, сега повеќе од кога претходно да се насочиме кон применување на одржливоста онаму каде што можеме – да негуваме еколошки практитики, да ја подигнеме свеста за животен стил во хармонија со природата, да возиме велосипед, да рециклираме мебел или облека, да засадиме дрво… Брзата мода стана погубна за околината, па иако е прилично евтина и достапна, да се сконцентрираме на одржлива и рециклирана мода, да купуваме помалку модни парчиња и оние што ќе ги бираме да бидат квалитетни и еколошки.
Фитнес тренд: Менталната благосостојба пред физичката форма
И покрај фактот дека од година во година сме сè повеќе опкружени со разни технички уреди и паметни машини за вежбање, оваа година носи значителна промена во однос на рекреацијата и кондицијата, а тоа е поголем фокус на менталните отколку физичките придобивки од вежбањето. Сè поголем број на луѓе стануваат свесни дека внатрешниот мир и рамнотежа, како и правилното дишење, се предуслов за добро здравје и општа благосостојба на организмот. Следствено, сè поголем број на луѓе ќе започнат да практикуваат медитација како дел од нивната обука, како во јога студија, така и дома преку разни апликации.
Нема коментари