• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ТВ 0

Македонската радио телевизија влегува во копродукција на ТВ-серијата „Зоки Поки”

Од stylist @StylistMKD · На септември 21, 2019

zoki poki (2)

Македонската радио телевизија влегува во копродукција на претстојната ТВ-серија „Зоки Поки”. ТВ-серијата, чие снимање беше комплетирано месецов, е модерна екранизација на култната детска книга на писателката Оливера Николова, во режија на Александар Поповски и продукција на Роберт Насков и Кино Око, со поддршка на Агенцијата за филм.

„Кога со Александар Поповски размислуваме за серијата ‘Зоки Поки’ секогаш идејата ни беше да се прикажува на Македонската телевизија. За серијата е многу важно што ја има Македонската радио телевизија за партнер кој не само што ќе ја емитува, туку и финасиски ја подржува. Местото на оваа серија е токму на оваа телевизија и драго ми е што на овој начин серијата ќе стигне до секој заинтересиран гледач во Македонија. Тоа е главната цел на секоја програма. Оваа соработка е во насока на добивање поголем квалитет на серијата. Посакувам заедно со Македонската радио телевизија да реализираме многу сезони од серијата ‘Зоки Поки’ на задоволство на сите гледачи во Македонија”, вели Роберт Насков.

Режисерот Александар Поповски и продуцентот Роберт Насков се одлучиле за екранизација токму на „Зоки Поки” не само затоа што сметаат дека ова култно литературно дело е релевантно за многу генерации, туку и поради недостаток на домашна ТВ-програма за деца. Со желба за враќање на вредностите кои полека исчезнуваат, Поповски и Насков сакаат да создадат ТВ-проект кој ќе им го задржи вниманието на децата кои растат во денешното „брзо” време.

zoki poki (1)

Договорот за копродукција со Македонската радио телевизија е склучен по пат на учество на ТВ-проектот „Зоки Поки” на Јавен повик, којшто Македонската радио телевизија, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, го распишува по објавување на својата Годишна програма.

Од МРТ велат дека сценариото за „Зоки Поки” на Кино Око продукција, едноставно „светнало” меѓу мноштвото пријави пристигнати на Јавниот повик и дека Комисијата за набавка на програмски содржини била едногласна во одлуката.

„Култниот роман ‘Зоки Поки’ на Оливера Николова, создаден пред 56 години, ја докажа својата безвременска димензија. Без разлика на трансформацијата на информациското општество, на преминот во дигиталниот свет, оваа лектира остана најомиленото четиво. Публиката го сака ‘Зоки Поки’, а Јавниот сервис ѝ припаѓа на публиката”, велат од МРТ.

Со ова партнерство, Кино Око и МРТ очекуваат создавање на ТВ-проект кој ќе биде од огромна вредност и интерес за македонската публика.  

zoki poki (3)
„МРТ има сосема поинаква улога. Обврска на секој јавен радиодифузен сервис е да емитува, не само информативна туку и играна, детска, забавна, едукативна содржина. ‘Зоки Поки’ знае како да го купи целиот свет и да ја освои Лидија, а и ние знаеме како да ја освоиме публиката. Го чувствуваме нејзиниот пулс. Оваа играна серија доаѓа во вистински момент. Момент во којшто креираме програмска шема која ќе ги натера гледачите да заборават на далечинскиот управувач”, велат од МРТ.

Денешниот „Зоки Поки” ќе биде современ, но вредностите и пораките проткаени низ неговите авантури ќе останат безвременски, со верба дека ќе успеат да го пронајдат патот до срцата и на генерациите што доаѓаат.

„’Зоки Поки’ ќе ги натера гледачите, кај и да се, да се најдат пред ТВ екраните, како во старите добри времиња. Со стопроцентна сигурност, серијата ќе доживее огромна популарност и се разбира гледаност. Не ќе постоеше Зоки Поки да не постоеше Лидија. Во тој контекст: Не ќе постоеше Јавниот сервис, да не постоеше негова публика”, велат од МТВ.

Серијата „Зоки Поки” е финансирана и од Агенцијата за филм на Македонија.

Повеќе информации за ТВ-серијата очекувајте на ZokiPoki.mk.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • DSC2823_resize-1536x1025 ТВ

    Нова сезона на „Џентлмен магазин“ вечерва на МТВ1

  • agenda 21 (3) ТВ

    Весна Петрушевска и Игор Џамбазов преку еколошкото шоу „Агенда 21“ ќе апелираат за грижата за животна средина

  • handmaids tale ТВ

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics