• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ТВ 0

ТВ-серијата „Зоки Поки” ќе се емитува на Шведската национална телевизија „SVT”

Од stylist @StylistMKD · На февруари 9, 2021

zoki poki (1)

Наскоро, Швеѓаните ќе се забавуваат со авантурите на култниот македонски лик, Зоки Поки. Десетте епизоди од истоимената ТВ-серија ќе се емитуваат ексклузивно на Шведската национална телевизија „SVT”, односно на нивниот специјализиран канал за детска програма „SVT Barn”.


„SVT”, шведскиот еквивалент на „МРТВ”, е најшироко распространетата телевизија во Шведска и истата има најголем опсег на програми од сите телевизии во земјата. „Зоки Поки” е првата македонска серија и воопшто програма од овие простори што некогаш се емитувала на оваа телевизија.

Зоки Поки, Лидија, Гоки и Боки ќе зборуваат на шведски, а преку нивните забавни и поучни искуства ќе се зајакнуваат вредностите на едукација, родова еднаквост, диверзитет и квалитет кон кои се стреми Шведската национална телевизија.

Модерната екранизација на саканата детска книга на писателката Оливера Николова, со која имаат израснато многу генерации, е во продукција на Кино Око, во копродукција со Македонската радио телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. 

Десетте епизоди од првата сезона на ТВ-серијата премиерно се емитуваа на првата програма на „МРТВ” во периодот од мај до јуни 2020 година. Снимањето на втората сезона е сѐ уште во неизвесност.

Изјава од продуцентот Роберт Насков:

„Многу сум среќен што серијата ʻЗоки Покиʼ ги задоволи високите Скандинавски стандарди за детска програма. Ова е доказ за универзалноста на серијата и на темите кои ги обработува и кои се интересни за децата од целиот свет. Со ова се потврдува вредноста на вонвременското дело на писателката Оливера Николова и за квалитетот на македонските филмски автори. Прикажувањето на серијата на Шведската национална телевизија е голем успех за Кино Око и за македонската продукција. Во преговори сме за прикажување на серијата во Норвешка, Хрватска, Србија и Словенија. Но, и покрај големиот интернационален успех и популарноста во Македонија, сепак е неизвесно снимањето на втората сезона. Се надевам дека оваа вест ќе биде дополнителен мотив за финансиска поддршка на втората сезона од серијата.”

Изјава од режисерот Александар Поповски:

„Приказната за Зоки Поки има во себе еден по малку заборавен свет на вредности кои во нашето детство беа наше секојдневие. Една топлина кога верувавме дека надворешниот свет е најсигурниот и најубавиот свет во кој секое дете има некое свое место. Првата сезона покажа дека публиката и децата ги препознаа овие вредности и дека навистина вредеше да се направи овој проект. Сега многу зависи од сите нас дали оваа идеја ќе продолжи да живее понатаму. Навистина чувствувам потреба да кажам дека ќе биде голема грешка доколку тука застанеме и не направиме вистински серијал од повеќе сезони. ʻЗоки Покиʼ може да биде голема инвестиција не само во телевизискиот, туку и во едукацискиот и емотивниот свет кој толку многу ни недостасува.” 

Главните улоги во серијата ги толкуваат Матеј Настевски (Зоки), Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки). Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, во улогата на неговата баба.

Режисери на серијата се Александар Поповски, Марија Апчевска, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата се на Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска.

Сите епизоди од првата сезона се достапни за гледање на официјалната веб-страница на серијата.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • DSC2823_resize-1536x1025 ТВ

    Нова сезона на „Џентлмен магазин“ вечерва на МТВ1

  • agenda 21 (3) ТВ

    Весна Петрушевска и Игор Џамбазов преку еколошкото шоу „Агенда 21“ ќе апелираат за грижата за животна средина

  • handmaids tale ТВ

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics