• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Зошто пушиме – навика, зависност или да се биде во тренд?

Од stylist @StylistMKD · На февруари 3, 2021

nikotin 2

Многу често линијата помеѓу навиката и зависноста е тенка, па дури и некогаш нејасна. Навиката би можеле да ја објасниме како рутинско или редовно однесување, што станува сè потешко да се откаже колку подолго истото тоа однесување се практикува. Најдобар пример на навика може да се согледа во тоа како луѓето го започнуваат денот. Утринските ритуали во голема мера се состојат од најразлични навики,  утринско туширање, пиење кафе/чај/какао, консумирање или пак прескокнување на појадокот и сл. Со текот на времето, редоследот на овие однесувања станува конзистентен за една личност. Зависностите, од друга страна, се многу помоќни од навиките. Во овие случаи, во најголем дел, луѓето даваат исклучителен приоритет на она од кое се зависни и голем дел од своето однесување и текот на денот го формираат според потребите на својата зависност.

Вообичаено луѓето почнуваат да пушат поради следниве причини: затоа тоа што сакаат да изгледаат постари, сакаат да бидат како нивните пријатели или роднини или сакаат да експериментираат. 9 од 10 пушачи почнале да пушат и пред 18 години. Тинејџерите обично сакаат да изгледаат постаро и позрело, па по примерот на нивните родители или роднини, тие почнуваат да пушат. Ако нивните врсници пушат, поединците не сакаат да се чувствуваат дека заостануваат и  палат цигара за да бидат прифатени. Други пак сакаат нешто што е забрането. Сметаат дека е возбудливо да се кријат. Оние кои почнуваат да пушат подоцна, обично е поради стрес, проблеми и трауматични настани.

Главната причина поради која луѓето пушат е всушност никотинот. Поради вовлекувањето на чадот од цигарите, кој воедно содржи преку 6000 материи, меѓу кои и многубројни штетни и потенцијално штетни материи, никотинот кој е содржан во листовите од тутун се апсорбира брзо во крвотокот и истиот реагира како моментален стимуланс на телотопреку ослободување на допамин. Многу луѓе ги поистоветуваат никотинот и цигарите, но тоа всушност е заблуда, исто како и популарното мислење дека никотинот е канцероген и воедно примарен причинител за болестите поврзани со пушењето, но тоа е апсолутно неточно. Главниот проблем е всушност во споменатиот чад од обичните цигари и процесот на согорување.

Никотинот веќе бројни години наназад ја игра главната улога во процесот на откажување од цигарите во никотинската заменска терапија (NRT – nicotine replacement therapy). “Пушењето е еден од најголемите проблеми на јавното здравје. Во текот на изминатите децении, бројните досегашни обиди да се намали пушењето цигари пропаднаа”, вели Дерек Јах, претседател на Фондацијата „Светот без чад од тутун“.

Во својот авторски текст за порталот Business World, Јах нагласува дека „повеќето луѓе не успеваат да се откажат од цигарите не поради недостаток на обиди, туку поради недостаток на опции што можат да им помогнат“. Според него, последниот извештај на Глобалниот концепт на намалување на штетата, кога станува збор за тутунот (Global State of Tobacco Harm reduction), покажува дека скоро 100 милиони луѓе во моментов користат голем број производи кои се сосема различни од обичните, согорливи цигари и други токсични производи. Овој извештај, вели тој, дава „убедливи докази“ дека производите со намален ризик, како што се алтернативи и уреди засновани на загревање наместо согорување на тутун, покажале подобри ефекти од никотинската заменска терапија (NRT). Кога веќе сте почнале да пушите, секако дека најдобра опција е да се откажете, но доколку не можете или во моментот не сте спремни, постојат побезбедни алтернативи на нашиот пазар, кои иако не се без ризик, значително ја намалуваат изложеноста на штетни и потенцијално штетни соединенија споредено со обичните, согорливи цигари.

Дерек Јахникотинпушењецигари„Светот без чад и тутун“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Otvoranje Tehnomarket- Kapitol 03 03 21 (6) животен стил со...

    Техномаркет денес со големи попусти го отвори својот нов продажен салон во Скопје – Капитол Мол

  • oprah_with_royals животен стил со...

    Принцот Хари и Меган Маркл ја отворија душата во интервју со Опра

  • Iqos 4 (1) животен стил со...

    IQOS – алтернатива за возрасните пушачи развиена врз база на научни докази

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (5)

    Македонскиот модел Ивана Манас на ревија на Долче и Габана во Милано

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • roksanda

    Три генерации жени од семејството на Ванеса Редгрејв во видео на Роксанда Илинчиќ

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • lili kadinska

    Обучете се за моден стилист преку единствената наставна програма на Лили Кадинска и Le Brand Studio

    март 5, 2021
  • 10

    Стилска инспирација за овој март

    март 4, 2021
  • eaa15a39-3358-4418-a9d4-7c56362b20b3

    Оваа пролет кожените чанти ќе ги замени со платнени

    март 4, 2021
  • rosica mrsic

    Впечатливи марами во новата линија на модни додатоци на Росица Мршиќ

    март 4, 2021
  • ??????????

    Седум стилски совети за ниски жени

    март 4, 2021

Убавина

  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • BeautyFridge

    Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

    февруари 11, 2021
  • ana de armas

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

    февруари 3, 2021
  • dior rouge (1)

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

    февруари 2, 2021
  • 1 guerlain

    GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

    јануари 28, 2021

Живот

  • Otvoranje Tehnomarket- Kapitol 03 03 21 (6)

    Техномаркет денес со големи попусти го отвори својот нов продажен салон во Скопје – Капитол Мол

    март 3, 2021
  • oprah_with_royals

    Принцот Хари и Меган Маркл ја отворија душата во интервју со Опра

    март 2, 2021
  • Baked-Feta-Pasta

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

    февруари 18, 2021
  • maldivi

    Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

    февруари 17, 2021
  • chloe ting

    ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

    февруари 16, 2021

Култура

  • bistra (2)

    Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева е достапна на три континенти

    март 3, 2021
  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • daft punk

    Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

    февруари 23, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics