Наместо модна ревија со класична писта дизајнерот Александар Ванг приреди журка со која ја претстави новата колекција за есен-зима 2016/17 за време на Њујоршката модна недела. Во атмосфера на андерграунд клуб со електронска музика и со пијалак кој се точи, манекенките на модната забава Ванг прошетаа во секси фустани, тесни панталони, волуменозни палта, кожени јакни и мрежести креации. Во колекцијата преовладува црната боја, со мала употреба на сива и кариран дезен, а дел од моделите се украсени со нитни и светкави камчиња.
Нема коментари