• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Олгица Ѓоргиева ја промовира колекцијата „Алтер“ во Белградската филхармонија

Од Ана Несторовска · На април 12, 2017

Olgica belgrad (5)

Во присуство на уметници од целиот регион, дипломатскиот кор во Србија, познати имиња од класичната музика и модата, нашата дизајнерка Олгица Ѓоргиева во понеделникот во Белградската филхармонија ја промовира својата нова колекција. На настанот Muzika&Moda таа  ја претстави линијата за пролет-лето 2017 наречена „Алтер“ . Ѓоргиева беше единствена претставничка од македонската модна сцена, а покрај нејзе учествуваа други водечки креатори од регионот: Верица Ракочевиќ (Србија), Борис Чалиќ (Црна Гора) и Ивица Скокo (Хрватска). Во музичкиот блок се претставиле Ратмир Мартиновиќ, Јадранка Јовановиќ, Александар Симиќ и Јела Михаиловиќ.

-Идејата на настанот е да се поврзат докажани уметници од целиот регион и да се издигне на уште поголемо ниво уметноста и културата. Воедно на настанот му беше дадена хуманитарна нота, беа собрани средства за децата од „Прифатилиште” . На сцената застанаа многу познати имиња од Балканот, кои имаат интернационали кариери. Особено сум среќна што имав прилика да ги запознаам организаторите на настанот. Фантастични луѓе, високо респектирани на интернационално ниво, вистински професионалци-ни изјави Ѓоргиева по настанот.

Olgica belgrad (1)

Во план е до крајот на годината истиот настан со иста програма да се одржи и во Скопје, Подгорица и Загреб. Олгица учествувала по покана на организаторите на Muzika&Moda, агенцијата „Фабрика Србија“.

-Кога ме исконтактираа од агенцијата „Фабрика“, моето прашање беше: Би сакала да знам кој беше критериумот што одлучивте јас да ја претставувам Македонија…на тоа ми одговорија дека направиле истражување на македонскиот моден пазар и дека од сè што виделе најмногу им се допаднала мојата работа и одлучиле да ме исконтактираат. Ова не е моја прва презентација надвор од Македонија. Меѓутоа ова беше фантастично концепиран настан, кој што беше поддржан на интернационално ниво. На настанот присувствуваше цел дипломатски кор со кој после настанот имав можност да стапам во контакт. Еден прекрасен настан, на кој учествуваа уметници интернационално познати. Ова за мене е веќе наредно ниво од мојата работа. Особено бев забележана на самиот настан и ги добив сите можни пофалби за мојата работа, што ме прави уште посреќна зашто достојно ја претставив Македонија .

Olgica belgrad (4)

 Таа додава дека насловот на колекцијата – „Алтер“ е синоним за промена.

- Преку приказната на мојата колекција на различни начини симболично ја претставив промената и притоа испратив порака. Оваа колекција претставува продолжение на мојата предходна. Ја развив и проширив идејата со принтовите што некако станаа препознатливи за мене последните сезони.

 

Olgica belgrad (3)

Ѓоргиева со линијата повторно го задржала својот минималистичкиот стил на изразување со доработка која е карактеристична за нејзе. Како принт и детали се среќава книгата и пеперутката, како симбол за промена. Линијата содржи отмени костими, фустани со драпирани делови и рачна доработка. Доминира белата, црната, крем, сива, тиркиз и црвена боја. Креаторката е задоволна од реакците по ревијата.

-Колекцијата беше посебно забележана и многу сум среќна затоа што мојата работа сè повеќе е прифатена од други пазари, што значи имам квалитетен производ што може серизно да се бори за своето место, што особено се поклопува со мојот концепт за мојата работа во блиска иднина. Речиси сум сигурна дека учеството на овој настан ќе остане една од моите најдраги ревии, зашто од повеќе аспекти претставува наредно ниво за мене. Затворив еден циклус од мојата работа. Оваа година се навршуваат 10 години од мојата работа како моден дизајнер, а  ја заокружив со признанието– што ми го доделија пред неколку дена „Жена менаџер за 2017”. Настанот во Белград е почеток на едно друго ниво, кое со задоволство ќе го изодам и ќе уживам во целиот процес – вели таа на крајот.

Olgica belgrad (6)

Организаторката Весна Мандиќ одлучила на настанот да носи креација од Олгица

Olgica belgrad (2)

Muzika&ModaБелградБелградска филхармонијаЗагребОлгица ЃоргиеваПодгориц аСкопје„Фабрика Србија“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics