• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Skopje Casual со овошна забава во „Цреша“ слави две лежерни години

Од Ана Несторовска · На февруари 20, 2014

По објава на повеќе од 752 постови, две награди за најдобар моден блог, еден куп испиени кафиња и фотографирања, 716 денови подоцна, популарниот блог Skopje Casual на 3. март во скопскиот локал „Цреша“ слави две години од основањето. Сандра Христов, Ива Дујак и Калина Зографска – трите девојќи што стојат зад овој моден проект,  ги канат своите верни следбеници на роденденска забава, со почеток во 21 часот, каде што за добрата музика ќе се погрижи диџеј Гоце САФ. Напоменуваат дека дрескодот е колоритен, со бои инспирирани од овошјата.
-Двегодишната радост би сакале да ја споделиме со сите оние кои досега се сретнале со Skopje Casual, без разлика дали се наши читатели, пријатели, твитерџии, фејсбукџии или едноставно сакаат лежерна мода. Среќни сме што диџеј Гоце САФ повторно ќе ни пушта одлична музика, сигурни сме дека ќе има многу шизење и одлични фотки од забавата. Сите лежерни луѓе, расположени за забава, ги покануваме да се облечат во весели, овошни бои и да дојдат во барот „Цреша“ на 3. март! Вашето присуство можете да ни го најавите на  „Фејсбук“ – велат тие.

Гледано наназад, кога го основале блогот не се надевале на голема популарност и успех. Велат дека „идејата за Skopje Casual се родила многу спонтано и блогот уште од почеток го водат за свое лично задоволство и инспирација, па така никогаш не ни помислувале на некоја голема популарност“.
- За наша среќа, љубовта кон тоа што го работиме успеа да се рашири насекаде преку компјутерските екрани, па денес ја имаме среќата да сме побогати со многу лежерни читатели. За да го почнеме блогот клучна беше зависноста од социјални медиуми. Сите три почнавме од рано да ја користиме тогаш новата социјална мрежа Pinterest. Таму си ги гледавме инспирациите и сфативме дека сме многу компатибилни во изразот на стилот. Една цела вечер се допишувавме на „Твитер“ за фустаните на оскаровската ноќ, и кратко после тоа решивме да се најдеме во живо и да направиме блог со лежерни инспирации. Средбата беше на 3. март, пред две години-објаснуваат тие.

Сандра

Сандра

Називот Skopje Casual настанал како резултат на мал „брејн сторминг“, каде што овие два зборови (Скопје и кежуал) биле заедничка нишка на сѐ што сакале да постигнат. Велат дека и „денес да се сретнеат, пак би се одлучиле за истото име“.
-Најпрво почнавме да го полниме блогот со инспирации, фотопостови со различнен поглед на едно парче, боја, стил или тренд. Тие сè уште се најприсутниот тип на постови, иако во меѓувреме многу научивме и збогативме: репортажи од настани, слики со наш стил, интервјуа, стилот на луѓето во градов. Двете години ни поминаа многу брзо…Често црпиме инспирација од странските блогови. Сè уште ни се омилени тие што ни беа во почетокот. На Сандра фаворит  ѝ е Garance Dore, на Ива Natalie Suarez, а на Калина Jessica Quirk. Можеби во меѓувреме заедничка омилена ни стана Andy Torres.

Ива

Ива

Често се дел од различни креативни проекти, поврзани со филм, музика и фотографија.
- Навистина ни е мило кога имаме можност блогот да го „изнесеме“ надвор од рамките на интернетот и во живо да се дружиме со луѓе кои ги споделуваат нашите лежерни гледишта. Учеството во сите досегашни проекти било базирано на наша цврста верба во тие проекти, па затоа можеме да кажеме дека сите ни се искрено многу мили и се радуваме на сите соработки со брендовите и домашните дизајнери. Сепак, најголема гордост досега ни се „Филмскиот бутик“, кој веќе две години по ред го организираме со Tiiit Inc. како и првата модно-блогерска средба која ја организиравме минатата година.

Калина

Калина

Двапати беа избрани за најдобар моден блог. Велат дека наградите за нив се само уште еден дополнителен мотив да продолжат напред со уште повеќе сили.
-Среќни сме што имаме голема поддршка и иако не го одржуваме блогот за да добиваме награди, самите луѓе кои гласале нè мотивираат да продолжиме понатаму со исто темпо и со уште понови идеи и поинтересни содржини. Наградите ни значат, особено што се признанија од самите читатели, но сепак кликовите и коментарите на блогот се тоа што нѐ движи секојдневно… По роденденот продолжуваме со истата мисија, да ја шириме лежерноста во Скопје и Македонија. Подготвуваме интересни нови типови на содржини, но и ќе ги задржиме оние кои досега се покажале како успешни. Како и секогаш, одиме лежерно со промените па така, наместо да даваме големи најави, ќе ве поканиме редовно да нѐ читате-велат Ива, Калина и Сандра на крајот.

Од последниот Film Boutique настани што го организира Skopje casual во соработка со Tiiit Inc

Andy TorresGarance DoreJessica QuirkNatalie Suarezskopje casualTiiit IncАлександра ХристовблогГоце САФИва ДујакКалина Зографскакежуалмакедонски блогерироденденСкопјеФилмскиот бутиЦреша
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079 моден монитор

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

  • 1 моден монитор

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics