Вчера, во Skopje City Mall се одржа голема забава за среќен почеток на новата учебна година.
Ивце Пивце и Марија Јанчевска ги забавуваа дечињата и им приредија големи изнадувања доделувајќи им медали, а тие ја положуваа заклетвата за почеток на првиот училишен ден.
Исто така, беше промовирана и песната “Првачиња колачиња”, во соработка со хорот на Златно Славејче која е и химна за сите првачиња и нивниот прв ден на училиште.
Skopje City Mall како компанија секогаш се труди да донесе радост и насмевки кај децата и токму затоа постојано се организираат настани и активности.
Погледнете на фотографиите како си поминаа дечињата на забавата.
Нема коментари