Парфемот Chanel No.5 слави еден век од лансирањето, мирисот од шишенцето број 5 што дизајнерката Коко Шанел своевремено го одобри до денес важи за еден од најпознатите и најпродавани парфеми, симбол на класика, отменост и софистицираност. Мирисниот спој на нероли, бергамот ирис, јасмин, роза и со ноти на мошус и сандалово дрво, креиран е за дамите со стил и став.
Парфемот создаден во 1921 година од Габриел Коко Шанел и францускиот парфемер Ернест Бо, е безвременски културен феномен вткаен во филмови, изложби и уметнички стилови. Омилениот на Мерилин Монро, во текот на еден век многу ѕвезди станаа заштитно лице на No.5, последна амбасадорка е актеркаа Марион Котијар.
Француската модна куќа Шанел посвети видео за својот култен мирис, во кое ја открива историјата на создавањео на парфемот. Дизајнерката Габриел, попозната како Коко Шанел, направи револуција во модата и го отфрли наметнатиот женски кодекс на облекување, предлагајќи нова дефиниција за женственоста и привлечноста, а нејзиниот прв парфем – Chanel No.5 е во согласност со нејзиниот моден дизајн – едноставен, моќен и револуционерен.
Во чест на еден век од Chanel No.5 модната куќа Шанел креира посебна колекција на луксузен накит соодветно наречена ‘Collection N°5’, дело на Патрис Легуро, директор на студиото за накит во куќата, прва од ваков вид што е посветена исклучиво на парфем. Се состои од вкупно 123 парчиња накит, секое инспирирано од многу различни аспекти на парфемот. Највпечатлив е ѓерданот 55.55, извонредна креација со дијаманти и бело злато што верно ги доловува сите сакани карактеристики на No 5, а кој содржи 55.55-каратни дијаманти.
Нема коментари