• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

24. Моден Викенд Скопје води на пат кон кружна иднина

Од stylist @StylistMKD · На септември 6, 2021

моден викенд

Дваесет и четвртата сезона на најголемото модно случување во земјата, овојпат e во знакот на мултимедијалниот проект #NоWаsteMК, со богата тридневна програма што ќе се реализира од 1-ви до 3-ти октомври, и тоа на три различни македонски локации: Скопје, Битола и Штип.

Дигитални модни презентации и ексклузивен шоурум со новите колекции на млади и докажани имиња од нашата сцена, уметнички перформанси и изложби и на продукти од светски признати домашни иноватори, едукативни работилници, тркалезни маси и онлајн дискусии со врвни професионалци од креативната индустрија, како и дегустација на најдоброто од македонската гастрономија, претставува само дел од она што јавноста ќе има прилика да го искуси првиот викенд од месец октомври.

Под слоганот „Beyond the Fields”, есенскoто издание на Моден Викенд ќе се одржи премиерно во Битола и Штип во периодот од 01.10 (петок) до 03.10 (недела). Изборот на различни локации надвор од градот Скопје е во духот на занимливиот проект #NoWasteMК, кој ќе се одвива во рамки на дваесет и четвртата сезона на настанот, реализиран со грант од Circular Design Assembly доделен од British Council со фасилитација од Ellen MacArthur Foundation.

„Моден Викенд Скопје отвора ново поглавје за животоносна кружна иднина, кое ќе ги поврзе најпрогресивните поединци и групи од индустријата. Обединувајќи ги уметноста, науката и бизнис иницијативите со иновативниот дизајн, технологиите и материјалите кои го елиминираат отпадот и загадувањето, нашата мисија е да оствариме позитивно влијание врз модниот синџир на вредности низ целата земја. Инспирирани од природата за природата.“ – истакнуваат организаторите на настанот.

Настанот е фузија од физички и виртуелни активности поддржани од Текстилно Трговско Здружение - Текстилен Кластер и македонскиот огранок на Fashion Revolution, кои ќе ги валоризираат вредностите на циркуларната економија како модел за одржлив развој и ревитализација на животната средина на локално и глобално ниво.

Иницијативата се роди како одговор на Responsible Fashion Series Skopje, интернационалниот вебинар организиран од МВСК во соработка со Иан Кинг, професор по естетика и менаџмент на Istituto Marangoni. Одржливата мода, зелените иновации и совесната потрошувачка, проникнаа како главни клучеви денес – за одговорна иднина утре.

Идејниот концепт на проектот е и да ги прикаже модата и агрикултурата во заедништво, откривајќи како производството на облека и храна се поврзани и повеќе одошто можеби претпоставуваме, со изработка на експериментална колекција што ќе ги спои двете навидум неспоиви гранки, како и краток документарен филм за сите фази при креативниот процес – од идеја до финален продукт.

„Живееме во земја каде отсекогаш се негувал посебен однос кон одгледувањето и конзумирањето здрава и органска храна од поднебјето. Можеме ли ваквата традиција и дисциплина да ја пресликаме и во нашите современи модни навики? Како организатори на настанот, нашата визија е да ги образуваме новите генерации на оваа тема. Темелно да ја истражиме врската меѓу „slow food“ и „slow fashion“ и да ги едуцираме како сè можe да се вкрстат двата концепта за плодна иднина.“ – заклучуваат од тимот на МВСК.

За повеќе детали, новини и изненадувања, како во однос на програмата, така и на листата на учесници кои ќе ѝ се претстават на публиката oваа есен, јавноста може од ден во ден да се информира на официјалната веб страница на Моден Викенд Скопје и социјалните мрежи Инстаграм, Фејсбук и Твитер.

Промените започнуваат овде и сега! Заедно.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics