Венеција деновиве е центарот на филмот благодарение на најстариот филмски фестивал во светот кој се одржува во италијанскиот град, на отворањето беше премиерата на „Битлџус Битлџус“, продолжението на култниот филм „Битлџус“ на Тим Бартон од 1998 година. На црвениот килим на свеченото отворање се појавија актерите од филмот Винона Рајдер, Мајкл Китон и Кетрин О’Хара кои се појавуваат и во првиот дел, младата Џена Ортега, Вилијам Дефо, Џастин Теру и Моника Белучи (како актерка во филмот, но и партнерка на Бартон).
Во однос на модниот избор, Ортега носеше црвен фустан на Диор, Белучи црна тоалета со длабоко деколте на Вивиен Вествуд, Рајдер беше во модел на Шанел, а О’Хара креација на Оскар де ла Рента. На отворањето се појавија и други филмски ѕвезди и манекенки, погледнете што носеа на црвениот килим.
Нема коментари