Доколку размислувате што да подарите за Денот на жената 8 Март, тогаш вистинското место за инспирација е традиционалниот Осмомартовски базар на ракотворби во ГТЦ Скопје. На приземјето ќе ве пречекаат вредните ракотворци, подготвени лично да ви ги претстават своите уникатни дела, изработени со љубов, трпение и внимание кон секој детал.
Посетителите ќе имаат можност да изберат од богат и разновиден асортиман: мартинки и плетени алки, накит од епоксидна смола и полимерна глина, кожни и дрвени модни додатоци, филигрански и сребрен накит, изработки со полудрагоцени камења и кристали, декоративни свеќи, домашни етерични масла, природни цвеќиња, како и уметнички слики и други креативни изненадувања.
Осмомартовскиот базар, во организација на Занаетчиска комора Скопје и Градски трговски центар Скопје, ќе се одржува до 8 март, секој ден од 10 до 18:30 часот.
Повелете, поддржете ја македонската ракотворба и одберете подарок со вистинска вредност – уникатен, рачно изработен и создаден од срце. А можеби токму таму ќе пронајдете нешто посебно и за себе или за вашите најблиски.





























Нема коментари