Германската аренби изведувачка Ace Tee во соработка со популарниот шведски моден бренд H&M креира капсулна колекција. Моделите се инспирирани од аренби културата 90-тите. Пејачката, која е родена во Берлин, вели дека при дизајнирањето на моделите била водена од својот личен имиџ. Вели дека израснала со урбаната култура од 90-тите и дека моделите многу наликуваат на стилот во видеоспотовите на тогашните музичари.
Направен е микс од спортски и лежерни креации. Застапени се кратки маички, блузи по кратки ракави, модели од џинс, а највпечатливи се парчињата со војнички принт, но во портокалова и жолта боја. Оваа лимитирана колекција ќе се најде во продажба на 7 септември.
Нема коментари