Acqua di Parma го збогатува светот на Blu Mediterraneo со Cipresso di Toscana – енергичен мирис кој Ве носи на прошетка низ Тоскана
Постојат моменти кои се исполнети со позитивна енергија, тоа се моментите кога се чини дека се е возможно. Кога ќе се опуштите, кога ќе се најдете сами во природа – едноставно само уживајте и дишете. Тоа се сензационалните мириси на Blu Mediterraneo. Секој од нив испириран од уникатните предели на италијанскиот Медитеран. Еден од нив е и Cipresso di Toscana.
Новиот мирис на Acqua di Parma ја носи свежината и енергичноста на прошетките низ парковите во Тоскана, каде што владеат чемпреси.
Симболот на Тоскана – чемпрес
Чемпресите се високи и тенки дрвја со ситни лисја, со тенко стебло кои можат да пораснат до 50 метри и имаат животен век до 500 години. Ова симболично дрво го претставува животот, симболот на вечноста. Со текот на годините станува лајтмотив на ренесансната уметност заради тенкиот, геометриски облик и убавината која ја оддава во целкокупниот пејзаж. Со својата елеганција и едноставност создава чувство на ритам и хармонија во парковите и градините, причина заради која станува задолжителен дел од фирентската буржоазија
Денес, чемпресите можат да се најдат низ цела Тоскана, на секој агол на улиците, секоја црква, секоја градина, рид се украсени со присуството на ова прекрасно дрво.
Cipresso di Toscana Ве носи на прошетка низ оазата на тишината. Потсетувајќи на нежен ветeр, мирисот се отвора со освежувачки анасон и елеми, продолжувајќи со пенливиот мирис на портокал и петитгреин. Енергичноста ја носат ароматичната жалфија и лаванда, додека дрвенестите балсамични ноти на чемпресот и борот ја предизвикуваат тишината на природата и чувството на благосостојба.
Мирисот е достапен во пакување од 150мл и од 75 мл со кои секогаш можете да ја почувствувате убавината на Тоскана каде и да сте.
Син како Медитеранот и зелен како Тоскана
Cipresso di Toscana, како и останатите мириси од колекцијата е спакуван во сјајно сино стаклено шише Acqua di Parma Art Deco кое потсетува на сјајот на Средоземното Море. Името е напишано со зелена боја, односно боја на густи лисја кои го карактеризираат чемпресот.
Збогатете го мирисното искуство со дневен ритуал во бањата, благодарение на Cipresso di Toscana гелот за туширање која ја чисти, освежува и хидратизира кожата, а е достапен во пакување од 200 мл.
Cipresso di Toscana можете да го најдете во парфимериите Anabella Мериот и Cosmo во Скопје Сити Мол.
Нема коментари