Како подобро да ја заокружи годината во која постигна рекорди во продажбата на новиот албум „25“ и во која нејзиното музичко видео за Hello го „урна“ интернетот, отколку со насловна страница на престижниот Time Magazine. Облечена во црвено и со карактеристичната нагласена шминка на очите и усните, Адел изгледа прекрасно на фотографијата на Ерик Медиген Хек, а во интервујото за магазинот пејачката зборува за тоа како ги пишува песните, за синот Анџело, за музичарите кои поради славата станале ужасни личности, за Бијосе и за тоа дека никогаш нема да направи песни со површна тема. „Може ли да ме замислите како пеам за пишување пораки? Никогаш нема да чуете да пеам за тоа пијам пијачка во клуб!“. Адел иако камбекот го направи на крајот од годината, сепак може да се каже дека 2015-та беше во нејзиниот знак, а за следната година најавува голема светска турнеја.
Нема коментари