Новиот албум „25“ на Адел е огромен хит, а мегаѕвездата сега го освојува и модниот свет – таа по втор пат се најде на насловната страница на американски Vogue, облечена во прекрасен цветен фустан од „Барбери“ во комбинација со накит од „Диор“. Фотографиите за главната приказна со Адел за мартовскиот број на модниот магазин ги направи Ени Лејбовиц, а на останатите фотографии пејачката носи креации од Александар Меквин и „Гучи“.
Нема коментари