Неретко наидуваме на соработки и заеднички колекции помеѓу спортските брендови и модните куќи, последната се однесува на спојот на Adidas и италијанската модна куќа Missoni. Во фокусот на нивната колекција се парчињата наменети за трчање, а главната инспирација е спортското минато на Отавио Мисони. Имено, Мисони пред да ја основа модната куќа препознатлива по цик-цак шарите, беше спортист и олимписки натпреварувач во категоријата трчање.
Колекцијата Adidas x Missoni е креирана со идеја навистина да се користи за спортување, а не само како дневна облека. Содржи патики со препознатливата Мисони-шара, потоа шорцеви, спотрски маици и тренерки.
Нема коментари