По завршување на работниот ден, со почеток во 17 часот на 14 април (четврток) ќе се одржи 13-тиот „Љубовен базар“. Традиционално, на истата адреса -во скопското кафуле „Љубов“, повеќе од 10 дизајнери и брендови ќе ги промовираат своите нови парчиња накит, облека и украси. #SupportTheArtist е мотото под кое ќе се претстават: Глигор Кузмановски, Алма Идризи, Em Ellephantski, Катарина Парго, Ема Морисон Митковска со „УрбанЕра“, Nikulec Pop-up Store, Нита Муча и Дафина Џепароска, Bulberry, Mei Ro, SoShi Accessories и Карло Хорват. За музиката на базарот ќе се погрижи Мартин Јовчески.
Нема коментари