Авторката на популарната серија „Девојки“- Лина Данам и нејзината пријателка и колешка Џемима Кирк се приклучија на проектот на брендот за долна облека од Нов Зеланд- Lonely. Облечени во креации од тантела од овој бренд, актерките позираа пред фотообјективот на Зара Миркин и Хери Вер . Тие направиле реалистични фотографии кои потоа не биле корегирани со фотошоп. Идејата на проектот, наречен Lonely Girls, е да се претстави вистинската природна убавина на жените и да се покаже како изгледаат реалните жени.
Модната куќа Lonely ја слави храброста и индивидуалноста на жените, создавајќи нослива и удобна долна облека, костими за капење и креации во кои жените се чувствуваат слободно и свое. Креторите на оваа модна куќа не веруваат во класичен маркетинг, кој подразбира најмување на манкенки кои ќе ги рекламираат креациите. Напротив, почнаа интересен проект, налик на личен блог, Lonely Girls Project, каде што објавуваат фотографии од реални жени облечени во долната облека од брендот, откривајќи ја својата природна убавина и не страмејќи се од своите недостатоци. Покрај Данам и Кирк досега се снимени и портрети на новозеландски уметници, дизајнерки, мајки, студентки, писателки, сурферки…сите инспиративни жени, од повеќе генерации. Брендот е застапен во Окленд и Велингтон (Нов Зеланд), а има продавници и во Токио и Лос Анџелес.
Нема коментари