Модните соработки на шведскиот бренд H&M со познати дизајнери секогаш се долгоочекувани и посакувани, најновата креирана од Керол Лим и Умберто Леон од модната куќа „Кензо“ почнува да се продава на 3 ноември, сè дотогаш на увид ги имаме преку рекламната кампања и неколкуте објавени комбинации. Но, еден модел од колекцијата беше „уловен“ во стилот на актерката Џесика Алба која во Париз се прошета во овој шарен фустан. Креацијата со графички принт во горниот и цветен дезен во долниот дел ќе чини околу 130 евра и ќе биде достапен во 250 продавници на H&M ширум светот.
Нема коментари