Откако во 2015 година ја напушти позицијата на креативен директор на париската модна куќа „Ланвин“, дизајнерот Албер Елбаз направи пауза на модната сцена, но сега се враќа со соработка со брендот LeSportsac. Тој креира линија на чанти, торби, ранци, несесери и паричници со шарени и весели мотиви. „Ако вметнеме повеќе љубов во модата и помалку страв, ќе добиеме убава причина да се будиме секое утро. LeSportsac е забава, колорит и нешто модерно, а тоа секогаш ми краде насмевка“, вели Елбаз за колекцијата.
Духот на колекцијата е претставен преку егзотични и весели верзии врз безвременски стилови на LeSportsac. Игривите пораки и моќната графика се презентирани на различен начин преку пет принта – Dance with Me, Love Me Kiss Me, Big Kiss, Color Me Leopard и Color Me Zebra. Колекцијата од 15 август ќе се продава онлајн на сајтот на LeSportsac , а ќе има и презентација во септември во рамките на Њујоршката модна недела.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари