Во својата долга листа на модни ангажмани британската водителка и трендсетерка Алекса Чанг неодамна ја додаде и соработката со брендот Marks & Spencer. Таа создаде специјална колекција инспирирана од архивата на M&S. Линијата наречена Archive by Alexa, која содржи 31 ready-to-wear парчиња, ќе биде промовирана во април.
-Беше забавно да се имаат в раце клучевите на архивата на Marks and Spencer, и беше вистинско задоволство да се изберат најдобрите модели од нивните претходни колекции-изјави Чанг за Vogue.
Откако лондонската ИТ девојка ги избрала, според нејзе, најдобрите парчиња, во соработка со дизајнерскиот тим на M&S ги освежиле моделите со нови тонови и современи материјали.

На располагање ѝ беше архивата на M&S
Алекса досега има работено на колекции за брендови како AG Jeans, Nails Inc и Madewell . Сите линии беа распродадени. Инаку, самата вели дека „отсекогаш ѝ се допаѓала облеката на Marks & Spencer и дека е пресреќна што е дел од овој уникатен проект“.

Чанг со здолниште од Marks & Spencer
Нема коментари