• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Александра Шулман се повлекува од улогата на главен уредник на Vogue UK

Од stylist @StylistMKD · На јануари 26, 2017

16114307_1432951986735677_1209998402974363960_n

После повеќе од 25 години како главен и одговорен уредник на британското издание на Vogue, Александра Шулман вчера соопшти дека се повлекува од функцијата и во списанието останува до лето. „Иако со месеци се прилагодувам на идејата да го напуштам Vogue, тоа не го направи моментот на соопштување помалку тажен. Привилегирана бев да се грижам за овој прекрасен магазин долго време и уште повеќе што работев со толку многу луѓе сиве овие години што ми го направија искуството интересно и богато“, вели Шулман во соопштението.

Кариерата во новинарството ја почнала во магазинот Over-21, потоа се приклучила на тимот на Tatler каде што стигнала до уредник на содржина. Во 1982 година дошла во Sunday Telegraph, каде што имала неколку функции, потоа била во Vogue како уредник на содржина, па во 1990-та станала уредник во машкиот магазин GQ. Улогата на главна и одговорна уреднична на Vogue ја добила во 1992 година и оттогаш го води списанието низ различни промени и низ трансформацијата во глобален дигитален бренд. Vogue UK лани прослави 100 години од лансирањето, а Шулман е уредничката со најдолг стаж.

810

Уредничката во соопштението наведува дека е подготвена за нови предизвици и затоа си оди од Vogue. „Тешко е да се најде рационална причина за моето заминување, ама сакав да искусам поинаков живот“, вели таа. Некои сметаат дека тука се има вплеткано уредничката на американски Vogue, Ана Винтур која по една расправија ургирала Шулман да биде отстранета и Александра под притисок одлучила сама да се повлече. Се смета дека ривалството меѓу двете уреднички почнало со самото начначување на Шулман на чело на Vogue UK, кога нејзината претходничка на таа позиција Винтур, сметала дека Александра нема доволно добро модно педигре за задачата. Гласините на незадоволство помеѓу Ана и Александра повторно се појавија по емитувањето на документарец на BBC од минатата години, во кој беше откриено како Шулман пред нос ѝ ја одзема ексклузивната приказна и насловна страница со Ријана, нешто што Винтур го планирала за американското издание на Vogue. Документарецот открива како Шулман има намера Ријана да ја стави на насловна на мајскиот број, но откако дознава дека Винтур ја планира Ријана за истито месец, одлучила приказната да објави порано и на тој начин да ја претрка Винтур. (K.T.)

mob

Александра Шулман и Ана Винтур – вечни ривалки

Шулман си заминува на лето, што значи почнува битката за оваа престижна работа во списанието. Веќе се калкулира кој ќе биде следниот уредник – некои сметаат дека тоа е Џо Елвин, сегашната уредничка на Glamour UK, потоа искусната стилистка Кети Гранд, а некои типуваат на Емили Шефилд, заменичката на Шулман и сестра на Саманта Камерон, сопругата на поранешниот британски премиер.

Интернационалните изданија на Vogue претрпеа повеќе промени во изминатиов период, се отвори дигитална платформа и наскоро принт верзина на Vogue Arabia со харизматичната модна икона Дина Абдулазис како уредничка. По неодамнешната смрт на уредничката на италијански Vogue Франка Соѕани, списанието доби нов челник, а промени на уредничките места има во бразилското и шпанското издание на Vogue… BoF смета дека новите лица во Vogue значат прилагодување на современото дигитално доба, со што се овозможува оживување на брендот. Сè се менува, само Ана Винтур е вечна и не се откажува од уредничката позиција во Vogue US, иако модниот свет би сакал да ја види како отстапува од списанието кое според многумина го изгуби модниот жар…

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics