Британската водителка, дизајнерка и модна муза Алекса Чанг се најде во улога на фотограф и за магазинот Paper ги фотографираше своите блиски пријатели во различни ситуации. Алекса сега живее во Њујорк и токму таму на различни локации се направени поголем дел од фотографиите, на пример Дакота Џонсон пред Статуата на слободтата, Пикси Гелдоф во купатило во Метрополитен, Кара Делевињ на брод по реката Хадсон… Во сетот фотографии ги гледаме и Дејзи Лоу на Малдиви и дизајнерката Табита Симонс во хотел во Мароко.
Нема коментари