Бренд амбасадорка на патиките на Superga од 2011 година, телевизиската презентерка и дизајнерка Алекса Чанг оваа сезона покрај тоа што се појавува во кампањата за пролет-лето 2018, креира и капсулна колекција. Таа ја интерперираше класичната силуета на познатите платнени патики и си поигра со различна тесктура – лакована кожа, сатен, памук и фротир, како и со боите – бела, црна, бордо, зелена и небесно сина.
-Секогаш сум гравитирала кон класиците и тоа е една од причините зошто ме заинтересира соработката со Superga. Мајка ми ги носеше овие патики и за мене тие се евергрин. За оваа колекција сакав да ги прославам оригиналите на Superga што најмногу ги носам, но со мали измени како додаток во предниот дел за да изгледаат посвежи лукзусни, без да ги загрозам препознатливите елементи. Освен тоа сакав патиките да бидат разиграни и безобзирни, па некои се направени од фротир , има модел без пета за да се носат како влечки, а направивме и модел висок до глужд – ја објаснува Алекса својата колекција за Superga.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари