Британката Алекса Чанг овој месец почнува да го промовира сопствениот бренд преку откривање на логото и делови од првата колекција на Инстаграм, а се појави и на насловната страница на Vogue UK на која позира во сопствен модел. Брендот Alexachung ќе се базира на стилот на поранешната водителка и стилска ѕвезда, а на колекциите ќе работи тим од шест дизајнери кој го предводи Адвин Бодсон, кој претходно работел за Хајдер Акерман. Претставен е и краток филм, Dressage, во кој ја гледаме Алекса во парчиња од истоимениот бренд.
Првата колекција ќе почне да се продава на 30 мај, а ќе содржи џинс, вечерна облека, дневни комбинации, накит и чевли. Чанг, позната по својот geek-chic стил и препознатливата естетика на кул девојка, предходно дизајнираше за Marks&Spencer, Madewell, Superga, AG Jeans, сега е време да се посвети на сопствениот бренд Alexachung.
Нема коментари