Модернистичка и футуристичка, оваа куќа во Калифорнија наречена Razor House која што многумина ја нарекуваат „најкул куќа на светотот“ и „аритектонско ремек-дело“, сега е дом на пејачката Алиша Кис и нејзиното семејство. Оваа стаклена и полузаоблена куќа што Алиша а купила пред две години за 20.8 мииони долари, се наоѓа на лиица покрај брегот на Пацификот и се смета за инспирација за куќата на Тони Старк од филмовите за Ајронмен. За Алиша и нејзиното семејство ова дом од соништата, „место за создавање соништа и за да бидеш доволно храбар да го сонуваш твојот најлуд сон – за нас дури и тоа што сме овде е најлудиот сон“.
Алиша и сопругот Дин (музичкиот продуцент познат како Swizz Beatz) на гости го примија тимот на Architecture Digest, кој направи прошетка низ овој необичен дом, сними фотосесија и видео. Во уредувањето се забележува концептот на отворен простор и минимализам разигран со уметнички дела во јаки бои и предмети од африканската иконографија.
Нема коментари