Актерката Алисија Викандер како една од амбасадорките на „Луј Витон“ се појавува во новата кампања за ресорт-колекцијата на познатата париска модна куќа. Шведската актерка и оскаровка отпатува на Корзика за да ја снима кампањата заедно со фотографот Крег Мекдин. Алисија позира во мини фустани и кратки комбинезони украсени со светки и пердуви, а акцентот е ставен и на неколкуте модели на чанти.
Нема коментари