Оскаровката Алисија Викандер е лицето од насловната страница на мартовскиот број на американски Vogue и е фотографирана од страна на Стивен Клајн како позира покрај базен облечена во блуза и сребрени панталони на „Луј Витон“. Шведската актерка го промовира новиот филм Tomb Raider, во кој ја глуми Лара Крофт, лик кој претходно ја прослави Анџелина Џоли. Во оваа фотосесија на Vogue Алисија соработуваше со стилистката Тони Гудман која ја облече во креации на Оливие Тејскенс, Александар Меквин, Том Форд, Проенза Скулер и на брендот со кој актерката подолго време соработува – „Луј Витон“.
Алисија во интервјуто на Vogue открива дека е многу посреќна и позадоволна откако се омажила за колегата Мајкл Фасбендер и вели дека како актери постојано патуваат и снимаат на разни локации, па во моментов како база го сметаат градот Лисабон во Португалија. Таа исто така зборува за тоа како е да се работи на заеднички филм со Мајкл, за предизвикот да се глуми Лара Крофт – акциона хероина со секси изглед, но и за ризиците што ги презела во животот и за успехот во Холивуд. Викандер го коментираше и скандалот со Харви Вајнастин, таа лично немала проблем со холивудскиот продуцент, но го осудува неговото однесување, а раскажажа и ситуација во која Џулиен Мур многу ѝ помогнала и на филмски сет ја одбранила од вербален насилник чиј идентитет не го открива.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари