• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

АЛМИР МИЛИ @ FWSK: Со колекцијата „Титуба“ до посилен глас за женските права

Од Катерина Трајановска · На март 31, 2015

collage

Младите дизајнери Алмир Мили и Ивана Цветковска инспирирани од кампањата „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата –сега !“, креираа маички кои ќе бидат презентирани на престојниот Моден викенд-Скопје, а на модната манифестација исто така ќе прикажат мини колекции. Со ова дизајнерите се вклучуваат во кампњата на Канцеларијата на UNDP во Скопје, а маичките со нивен мотив ги промовираат шест инспиративни жени, Индира Кастратовиќ, Наташа Петровиќ, Милена Антовска, Лабина Митевска, Ана Јовковска и Вера Милошевска, кои направија фотосесија со Марко Марковски што ќе биде објавена во списанието „Теа Модерна“. Зборувавме со Алмир кој ќе се претстави со моден перформанс во сабота, 4 април, во катната гаража „Солунски конгрес“. Тој веќе неколку пати се има претставено на FWSK, како дел од групни ревии, а последниот пат со колекцијата „Русалка“.

-Новата колекција, односно мини колекција, е инспирирана од самата тема против насилството на жената. Станува збор за еден мини перформанс кој говори за оваа проблематика на жената. Инспирација црпев од сите сцени на насилство врз едно од најубавите битија на земјата, а тоа е жената и нејзината болка, желби, фантазии, реалност, нејзината убавина, инстинкт, мајчинство… Колекцијата е наречена „Титуба“, што произлегува од името на една од првите жени осудена како вештерка во време кога најголема казна за жената е да биде едуцирана и да има свој Глас. Сите сме свесни за местото на жената дури и во 21-от век, поготово во Македонија. Сè уште жените немаат сила да се изборат за сопствениот живот, да се изборат да бидат мајки, да се изборат за сопствената позиција. Целта на кампањата е да ја подигнеме  јавната свест за оваа проблематика – изјави Алмир.

11102930_742278202536230_3985932707844928028_n

Пред официјалното претставување на неговата колекција дизајнерот ни откри дека станува збор за модели со монохроматска колорна карта.

-Користам базични кроеви со акцент на изборот на текстилната карта, која дава една садистичка форма на мода, која отворено го изложува женското тело. А тоа е со цел да се продре длабоко во нејзината срж, и кршливоста и сензибилитетот која ја носи таа – вели дизајнерот.

Алмир открива дека сè што ќе биде презентирано на неговиот моден перформанс е неносливо, по малку скулптурално и изопачено.

-Не следам трендови затоа што стилот говори за уметност, со доза на концептуални моменти. Но се задржувам кон светската дефиниција за сезонски тренд, во минималистичките кроеви и форми. Инаку, секогаш поставувам нови правила на презентирање во склоп на Модниот викенд, освен изработката и дизајнот на парчињата облека, мое дело ќе биде и музиката, како и краткото интро и сите останати сценски перформанси на моделите. Никогаш не очекувам многу, а не очекувам ни малку, мојата цел е да ја подигнеме јавната свест со оваа протестна нота, и се надевам дека ќе има резултати околу тоа – ни рече Алмир.

FWSK-TeaModerna-UNDP

Изминатиов период младиот креатор максимално го посвети на кариерата и на сопственото градење како професионалец. Кои се плановите за понатаму?

-Јас сум пред сè уметник со посебна пасија кон модата, но идните планови ги насочувам кон редуцирање на целиот тој уметнички свет и создавање нови комерцијални парчиња што ќе бидат екстензија на тоа што го нарекуваме уметничко, неносливо или висока мода.

FWSKАлмир Милиборба против насилство врз женитеб=кампања на UNDPмакедонски дизајнериМоден викендпролет-лето 2015
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • ?????????????????????????????????????????????????????????????

    „Една љубов, безброј подароци” – Од денеска базар по повод Денот на вљубените во Скопје сити мол

    февруари 11, 2026
  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics