Модната дизајнерка Силвија Михајловска и нејзиниот бренд Алшар ја петставуваат новата есенска колекција наречена FALL in Love – вешта игра со зборови кои во превод можат да значат „Вљубување“ и „Есенска љубов“, a се алудира на есенска мода (со англискиот збор Fall во модата се означува есенската сезона). Дизајнерката нè кани оваа есен да се вљубиме во облеката во кремави тонови, црните фустани и впечатливите детали!
Со оваа колекција Силвија го најавува новиот концепт на работа на брендот Алшар, односно две модни линии кои се слични по естетиката, различни по комплексноста, а меѓусебно се надополнуваат. FALL in Love e од линијата Black Label и содржи уникатни и покомплексни креации, а White Label ќе произлегува и ќе ја следи „црната“ линија, но ќе има полежерен дизајн и ќе биде изработена во мали ограничени серии. Ова е само дел од колекцијата и веќе се наоѓа во продавницата на Алшар.
Модел: Маја Илиоска/ Накит: Marcy’s handmade/ Чевли: TNJ
Нема коментари