Топмоделите Амбер Валета и Лија Кебеде се заштитни лица на пролетната кампања на италијанската дизајнерка Алберта Ферети за која позираа во пустина облечени во лелеави долги фустани и креации со тантела пред објективот на Питер Линдберг. Кога ја создавала колекцијата за пролет-лето 2016 Ферети замислила уникатна и посебна жена која сака големи отворени простори, каде може да ја пушти имагинацијата на слобода, визија што може да се насети и во рекламната кампања.
Нема коментари