Црвениот килим на големата постоскаровска забава на списанието Vanity Fair се смета за поинтересен и посмел од самиот оскаровски килим. Бројни гости од филмскиот свет, но и многу манекенки дефилираат во скапи дизајнерски тоалети и фракови, но некогаш се случува да изберат модел од некој бренд со подостапни цени. Годинава тоа беше познатата манекенка Амбер Валета која за гламуросниот настан избра комбинација од брендот Манго.
Амбер наместо раскошна тоалета носеше бел шик и елегантен костим и топ украсен со пердуви со потпис на Манго, дополнително стилизирани со долги обетки и црна плик-чанта. Оваа комбинација е од понудата на Premuim капсулната колекција на Манго.
Нема коментари