Главната уредничка на американски Vogue во видео дава преглед на неодамна завршената Париска модна недела со позитивна опсервација за појавата на нов бран на француски модни дизајнери кои ја размрдаа сцената и кои ја облекуваат новата генерација на жени. Како пример го дава Демна Гвасалија, новиот уметнички директор на „Баленсијага“ и неговото деби за куќата, за акцентот врз олеката која изгледа како да е рачно направена. Ана Винтур го поздравува тој микс на занаетчиство со висока технологија, она кога високата мода ја допира уличната. Таа исто така открива дека Vogue многу често зборуваат за идејата на прекин и како многу млади луѓе од модната индустрија и уметностите навистина го менуваат начинот на кој ја гледаме модата. „На жената навистина не ѝ треба нешто друго во гардероберот, ама треба повторно да ја заведеме и да направиме да почувствува дека модата е нешто за што таа сонува“, вели таа за идејата дека модата сепак треба да биде нешто специјално.
Нема коментари