Пред само два дена на барање на модната агенција Елит (Elite) од Милано, нашиот интернационален модел Андреј Пајмакоски замина за Милано за да потпише ексклузивен договор. Еlite Model Management и денес е една од трите светски водечки модни агенции во светот. Манекенот Андреј имаше успешна година позади себе каде изработи голем број кампањи и едиторијали, меѓу кои за Дона Матоши (Косово), Спорт Вижн (Србија), Replay (Косово), како и последната кампања за Фешн Груп во која позираше во модели на брендовите Мango Man, Dan John и Bitsiani.
-Откако се појави на модната сцена кај нас сите му предвидоа блескава кариера во манекенството, затоа и беше сосема разбирливо да го букираат едни од најдобрите. Според сите модни параметри и стандарди, Пајмакоски е на добар пат да го покори модниот свет, ние сме горди на неговата посветеност и крајна професионалност. Да се биде дел од светски признаена модна агенција како Елит е голема чест и привилегија за нашиот убавец – велат од матичната агенција Моделс Ин Менаџмент.
Нема коментари