Андреј Пајмакоски веќе со години работи како интернационален модел, па неговите успеси никако не остануваат незабележани. Помеѓу последните проекти беше и рекламната летна кампања за шпанскиот бренд Polinesia. Заедно со други модели престојуваа на повеќе егзотични дестинации за да ја снимат рекламата, последно и на Кајманските Острови.
-Пајмакоски го застапува една од најдобрите светски агенции ЕЛИТ, па несомнено дека го ангажираат за добри брендови и кампањи. Светски, професионален и со неговата егзотична убавина, Андреј има што да покаже во интернационалниот моделинг. Ние сме секако горди и благодарни на неговите успеси кои ќе бидат запаметени во поновата модна историја – велат од неговата матична агенција Моделс ИН Менаџмент.
Нема коментари