Манекенот на модната агенција „Моделс Ин Менаџмент“ кој гради интернационална кариера, Андреј Пајмакоски, неодамна сликаше кампања во Белград за новиот српски бренд „Филозофи“ ( Philosophy ).
-Ова секако не му е ново искуство на нашиот модел, пред да почне светската епидемија со Ковид 19, Андреј одлично работеше во Барселона за агенцијата Two Management. Неговата кариера и богатото портфолио му донесоа голем број на ангажмани, вклучително и последниот. Андреј ги има сите можни предиспозиции за светска кариера, се чека само на добар пласман – вели неговиот матичен агент Алек Наумовски од „Моделс Ин Менаџмент“.
За интернационалниот пласман на Андреј задолжена е реномираната српска модна агенција „Демонс Модел Менаџмент“ која работи и соработува со најдобрите светски агенции.
-Андреј е предодреден за голема кариера, тоа се препозна уште на самиот почеток, треба само да се поклопат коцките и неговиот успех е неизбежен – додава Алек.
Нема коментари