Актерката и хуманитарка Анџелина Џоли ја продолжува соработката со париската козметичка компанија Guerlain, и откако ланската година го промовираше парфемот Mon Guerlain, годинава продолжуваат со вториот дел од оваа мирисна приказна. На ред доаѓа новата верзија на парфемот – Mon Guerlain Florale, кој се предвидува дека ќе биде хит оваа пролет. Префиксот Florale значи дека парфумерот Тјери Васер додал цветни опојни ноти на божур, лаванда и јасмин самбака.
Како амасадор на брендот Guerlain Анџелина Џоли се појавува во новата кампања за Mon Guerlain Florale и е фотографирана пред црна позадина. Таа го стакнува голиот грб на кој се гледаат нејзините тетоважи, што се надополнува со идејата на Васер дека мирисот е невидлива тетоважа која постојано ја носиме на нашето тело. Guerlain, Васер и Џоли и со овој пафем ја продолжуваат приказната за силна и бунтовна жена која не се плаши да се сослуша себеси и своите чувства.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари