Актерката, режисерка и хуманитарка Анџелина Џоли е лицето од насловната страница на мартовскиот број на британски Vogue. Таа позира на две насловни – на едната носи беж капут и здолниште на Max Mara, а на втората црна ролка на Burberry, црни панталони на Max Mara и балетанки на Chanel. Фотосесијата со фотографот Крег Мекдин е направена во нејзината куќа во Лос Анџелес, а на гости ѝ беше и главниот уредник на Vogue UK, Едвард Енинфул, кој разговараше и ја стилизираше актерката.
Во интервјуто во Vogue таа искрено зборува за турбулентниот развод од Бред Пит, за мајчинството и сите замки на родителството. Иако е многу посветена на своите шест деца, никогаш не се чувствувала како традиционална мајка и домаќинка. Вели дека во изминативе неколку години била фокусирана на „оздравување“ на семејството после разводот, а сега чувствува дека полека сè доаѓа на свое место.
Се разбира со Енинфул зборуваа и за модата, а Анџелина открива дека сака винтиџ парчиња, купува многу малку, но купува квалитет. Се весели на стареењето и вели дека сега на 45 години се чувствува многу подобро отолку во нејзините 20-ти. Во последниве години помалку глумеше и претешно режираше, но наското ќе ја видиме во Марвеловиот филм Eternals.
Нема коментари